Со денови се будила со каснувања по телото, па одлучила да го отвори душекот: Се шокирала од глетката!

Сподели со своите пријатели

Купувањето душек преку Инстаграм се претворило во вистински кошмар.

Loading...

Сузан Меки (51) од својата ќерка добила нов, ортопедски душек, кој го купила преку страница на социјалните мрежи.

Производот пристигнал нов и спакуван и се чинело дека е во многу добра состојба.

Сепак, само неколку дена откако го ставила во кревет и преспала, Сузан започнала да забележува каснувања по телото и лицето. Отпрвин мислела дека ја каснуваат инсекти кои влегуваат низ прозорецот, но ситуацијата од ден на ден се влошувала.

Додека размислувала што може да биде причината, видела малку пукнатина на душекот и решила да го искине горниот слој, а потоа имала што да види: под новиот слој на платното стоел стар, валкан душек, полн стеници!

Се испоставило дека токму овие мали инсекти од навидум новиот душек ја каснувале жената!

На крајот, семејството морало да исфрли голема количина облека, обувки, тепих и некои други работи од куќата, во страв од стеници во креветот.

Компанијата што го продала спорниот душек им понудила замена, за што семејството не се согласило. Потоа им понудиле пари, но како што вели ќерката на жената што спиела на душекот, тие бараат обештетување за целата штета што ја предизвикал душекот.

Loading...

Leave a Reply