Со автомобил влетал во ледена река, од смрт го спасил паметниот телефон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Гаел Салцедо (18) бил на пат за колеџ во Ајова на 10 декември, кога поради замрзнат пат изгубил контрола над возилото и завршил во ледената река Винебаго.

Loading...

Салцедо се сеќава само на последните моменти пред да падне во реката.

– Не знаев каде ќе завршам и не знаев што да правам. Се сеќавам дека мислев дека веројатно ќе умрам “, рече Салцедо, пренесува Си-Ен-Ен.

Дошол при себе кога започнал да тоне и ги спуштил прозорците. Реката Винебаго бил испод точката на замрзнување.

Не можел да го пронајде својот телефон, па викна:

– Сири, повикај брза помош (911)!

„Сири“ е софтвер кој го препознава гласот на корисникот на телефонот и извршува говорни команди.

Противпожарната служба на градот Мејсон брзо одговорила на повикот и пристигнала на местото на настанот, но не можела да ја отвори вратата на возилото заради исклучително силна струја.

Loading...

– Морав да излезам. Рацете ми замрзнуваа. Повеќе не можев да ги чувствувам нозете“, вели Салцедо.

– Продолжував да пропаѓам и да ги молам спасувачите да ми помогнат. Едвај успеав да излезам од реката“, додава тој.

Салцедо излегол од ледената вода со помош на спасувачите, а на брегот го чекала брза помош, која го пренела во болница.

Тој бил ослободен неколку часа подоцна, без сериозни повреди.

Leave a Reply