Со 7 милиони евра ќе се реконструира делницата Куманово – Страцин

Сподели со своите пријатели

Потпишан е договорот за рехабилитација на патниот правец Куманово – Страцин, објави Јавното претпријатие за државни патишта, кое пред неколку дена започна реконструкција и проширување на делницата Крива Паланка – Деве Баир.

Loading...

Делницата е долга 16,6 километри, а рехабилитацијата ќе ја изврши претпријатието „Бетон“.

Над 7,1 милиони евра се одвоени за овој проект, со дополнителни 310.000 евра за надзор над градежнтие работи.

Рехабилитацијата на коловозот на делницата од Куманово до Страцин е дел од неколкуте проекти, кои во моментов ги реализира ЈП за државни патишта во функција на модернизација на патното поврзување со Бугарија.

На овој дел од Коридорот 8, пролетниве месеци треба да заврши обновата на постојниот пат меѓу Ранковце и Крива Паланка, во должина од 21 километар.

Во наредниот период паралелно ќе се работи на делниците Куманово – Страцин и Крива Паланка – Деве Баир, со што меѓу Куманово и Деве Баир ќе може во целост да се вози по обновен пат веќе на почетокот од 2022 година.

Заедно со комплетната обнова на постојниот пат кон Бугарија, во моментов непречено тече и изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Оваа патна делница од 25 километри се очекува да биде завршена во 2021 година, а се финансира преку кредит од Светската банка.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply