Со 105 поени Куманово триумфираше над АВ Охрид (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово остварија победа во 13. коло од домашниот шампионат, откако вечерва на домашен терен го совладаа составот на АВ Охрид со резултат 105:97.

 

Loading...

 

Првата чртвртина беше катастрофална за избраниците на Александар Петровиќ па дозволија гостите да направат водство од дури 17 поени. Почетокот наговестуваше можеби триумф за АВ Охрид, но кумановци уште еднаш докажаа дека знаат да се извлечат и кога е најтешко. Првите десет минути од стредбата завршија со 27:10 во корист на гостинскиот состав.

 

 

Но и втората четвртина беше подобра за кошаркарите на АВ Охрид кои реализираа 33, наспроти 22 поени од Куманово.

 

Loading...

 

Полувремето добро им дојде на домаќините, се „стоплија“ и концентрацијата се зголеми. Иако го топеа водството на гостите, сепак и кон средината на третиот период беа во двоцифрен минус, односно резултат 66:55. Сепак до крајот на четвртината кумановци целосно го намалија водството на охриѓани и во последните десет минути од натпреварот се влезе со резултат 76:77.

 

 

Последниот период беше извонреден за составот на Куманово кој успеа да го преземе водството и да го задржи до крајот на натпреварот кога звукот на сирената означи резултат 105:97.

 

 

Со 22 поени најефикасен во ростерот на Куманово е Димитар Караџовски, зад него Бобан Стајиќ со 18 поени, Александар Штерјов реализираше 17, додека 16 запиша Мирко Ковач.

 

Loading...

 

Кај гостите најдобар беше Мартин Јунаковиќ со 36 поени, седум скока и осум асистенции.

 

 

 

Loading...