Снимка од момче кое умира од глад го потресе светот: Борба за живот и по година дена гладување (видео)

Сподели со своите пријатели

Снимка од момчето Салим од Јемен, на кое минатата година му предвидуваат дека поради изгладнетост ќе почине, го шокираше светот. На неа се гледа тогаш слабото тело, исушено до толкава мера што на момчето му се гледаат сите коски.

Салим беше симбол на маките на граѓаните на Јемен кои умираат од глад поради војната. Тогаш имал седум години. Бил изгладнат, исто како и 350.000 други јеменски деца.

Салим бил примен во болница каде по месец дена започнал да се опоравува. Тој е едно од сумте деца, а неговата мајка Хоудаид Масбах тогаш за британските медиуми рекла дека момчето така пати целиот живот.

Благодарение на итната служба и медицинскиот порсонал кој волонтира во тоа подрачје. Салим денес има нормална килажа.

Новинарите на ВВС провериле како напредува момчето во последните година дена. Лекарите го одржале во жито, но претрпело оштетување на мозокот и има големи проблеми во физичкиот развој. неговото семејство и натаму гладува.

– Некогаш јадам леб и чај, ао најдам. Понекогаш сонцето заоѓа, а јас сум испила само чај, раскажува неговата мајка.

Родителите обично можат само да се надеваат дека нивните деца ќе преживеат.

– Сакам да го образувам и да го испратам на училиште. Сакам да го продолжи образованието ако преживее. Меѓутоа, се сомневам, раскажува пред камерите на ВВС мајката додека ја мази својата гладна ќеркичка.

Во август оваа година, Светската здравствена организација објавила дека во една неделаво јемен од колера починале 25 луѓе, додавајќи дека две години војна оставише пустош на здравствениот и санитарен систем во таа сиромашна земја.

Поради војната во Јемен, милиони луѓе се раселени и осиромашени, а убиени над 10.000 цивили. Обединетите нации објавија дека во Јемен на секои 10 минути умира дете на возраст од пет години поради причини кои би можеле да се спречат. Болниците се без алихи, болничкиот персонал често не зема плата и во некои случаи едвај може да плати превоз до работа. Ѓубретарите штрајкуваат затоа што не земаат плати, па патиштата се преплавени со смет.

Повеќе од половина од популацијата на таа земја која брои 26 милиони жители има недостаток од храна, објавува ООН.

Во најновиот извештај на ООН стои дека најмногу гладни има во североисточна Нигерија, Јужен Судан и Јемен.

https://youtu.be/53lBoL9h_mk

Loading...