Снимајќи велосипедска трка откри фарма за канабис (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хеликоптерот што ја снимал шпанската велосипедска трка Вуелта случајно открил одгледувачница од канабис на покривот на една зграда. Гледачите ја забележале фармата на снимките и пријавиле во полиција.

Loading...

Властите на Каталонија заплениле 40 растенија канабис во Игуалада, град оддалечен 70 километри од Барселона, откако снимката се сподели на социјалните медиуми, изјави портпаролот на полицијата Моос Десквадра.

Шпанската полиција објави воздушно видео на кое се прикажани две „парцели“ на покривот. Досега никој не е уапсен бидејќи полицијата не е во можност да утврди на кого припаѓаат растенијата припаѓа, бидејќи терасата на покривот не е поврзана со ниту еден стан.

Одгледувањето марихуана на приватна сопственост за лична употреба е дозволено во Шпанија, додека купувањето и продавањето се уште е нелегално.

Leave a Reply