Во одредени делови на Хрватска и Босна и Херцеговина вчера падна снег кој го отежна сообраќајот.
Во најголемиот дел од Хрватска моментално паѓа дожд, меѓутоа, во текот на ноќта се очекува снег.
Во Горски котар и Лица има снег, а на одредени патишта сообраќајот се одвива успорено и отежнато.
Дождот исто така го успорува сообраќајот во истра, Далмација, сверниот ис редишниот дел на Хрватска и во Славонија. Метеоролозите предупредуваат дека поради ниските температури на одредени места може да се појават и голомразици.
Во Босна и херцеговина снег има на патиштата во зпадниот и северозападниот дел на земјата, додека во останатите делови патиштата се влажни.