Снег паѓа на повеќе места низ државата: Еве каква е состојбата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Утрово времето во земјава е облачно со врнежи од дожд, со умерен до силен интензитет.

Loading...

На планините во западните и североисточните делови над околу 1000 м.н.в. врне снег.

 

 

Од податоците во 11 часот врнежи од снег се забележани на следните метеоролошки станици: Маврови Анови, Лазарополе, Берово, Крушево, Попова Шапка, Јасен, Пониква, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Loading...

 

Како што информираат претходно од Македонија пат, поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 09.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

 

 

Никола Ивановски / фото: Ски центар Нижополе