Смртоносни бури во делови на Европа, најмалку 13 загинати

Сподели со своите пријатели

Најмалку 13 лица загинаа во силните бури во Европа, а единствено позитивно е што помогнаа во гаснењето на големите шумски пожари.

Loading...

Две деца на возраст од четири и осум години загинаа во Австрија кога паднаа дрвја во близина на езеро во Корушка.

Десетина луѓе се повредени, од кои некои потешко. Три лица загинаа при паѓање на дрво во Австрија.

Во Штаерска, Корушка и Источен Тирол возовите мораа да застанат поради прекин на електричната енергија поради невремето, а паднатите дрвја блокираа и некои патишта, соопштија властите.

Дрво паднало врз девојче

Шест лица загинаа на Корзика, соопштија француските власти. Дрво паднало врз 13-годишно девојче во кампот во Сагон на западниот брег на островот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

На југот на островот, 72-годишна жена загинала кога покривот на куќа на плажа паднал врз нејзиниот автомобил.

Загинаа и жена во кајак, рибар и уште две лица.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, кој е во посета на Корзика, изјави дека ветерот на островот дувал со брзина и до 200 километри на час.

Loading...

Во невремето се повредени 12 лица, од кои едно потешко. Поради невремето без струја останаа 45.000 домаќинства.

Пожарникарите имале 150 интервенции

Силно невреме ги погоди и другите делови на Франција, поплавувајќи ги улиците на Марсеј и блискиот Касис, пренесува Аваз.

Две лица загинаа во невремето во Тоскана. Дрвја паднаа врз маж и жена. Пожарникарите имале 150 интервенции во Лигурија и Тоскана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Централниот регион Емилија Ромања исто така беше тешко погоден од невремето.

Европа цело лето е зафатена од екстремни временски услови, што според експертите е последица на климатските промени.

Шумски пожари горат на југот на Италија, на Сицилија и на островот Пантелерија, а северот од земјата го зафати невреме по долга суша.

Шпанија, како и Франција, беше опустошена од шумски пожари, но барем дождот го стави под контрола пожарот во Валенсија.

Речиси 2.000 луѓе се евакуирани, но сега можат да се вратат, објавија шпанските медиуми.

Loading...

Европската унија ги доживеа најлошите шумски пожари во овој период од годината од почетокот на заедничкото набљудување во 2006 година, според Европската комисија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето