Смртоносен вирус убива слонови во швајцарска зоолошка градина

Сподели со своите пријатели

Три азиски слона починаа во ЗОО во Цирих за еден месец поради смртоносен вирус.

Loading...

Зоолошката градина со поглед на најголемиот швајцарски град сега има само пет од овие прекрасни суштества сместени во заграден простор за слонови од 11.000 квадратни метри.

Двегодишниот слон Умеш беше првиот што умре од EEHV (ендотелиотропен херпес вирус на слон) на крајот на јуни, а само неколку дена подоцна и неговата осумгодишна сестра Омиша. Рувани, петгодишна женка од друго стадо, почина минатата сабота.

Сите животни му подлегнаа на вирусот на херпес со молскавична брзина, со внатрешно крварење и откажување на органите.

„Сè уште не знаеме зошто се случува ова“

„Овој вирус е главната причина за смрт на слоновите меѓу две и осум години во заробеништво“, изјави за АФП кустосот на зоолошката градина Паскал Марти.

Тој додаде дека вирусот убива и слонови во дивината, но дека е потешко да се дијагностицира.

Овој вирус латентно се наоѓа кај скоро сите слонови, и во дивината и во заробеништво, но во некои случаи одеднаш може да стане смртоносен, при што животните умираат за неколку дена.

„Сè уште не знаеме зошто тоа се случува“, рече Марти.

Loading...

Не постои вакцина против оваа болест, а ефективноста на антивирусни лекови е ограничена – кога болеста се манифестира, и покрај терапијата, само околу една третина од слоновите преживуваат.

„Посебно е фрустрирачки што не можеме да направиме ништо, и покрај најдобрата ветеринарна грижа на Универзитетската ветеринарна болница во Цирих“, рече директорот на зоолошката градина Северин Дресен.

Загрозени видови

Ветеринарот Баскар Чудхури, член на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), рече дека епидемиологијата на болеста сè уште е непозната.

„Вирусот повремено се шири од возрасните, почесто за време на периоди на стрес, а се смета дека младите слонови се заразени“, рече Чудхури за АФП.

Азиските слонови, кои можат да живеат до 60 години, се на листата на загрозени видови на IUCN. Во дивината останаа само околу 50.000 од нив.