Смок од над еден метар влегол во дом на кумановци

Сподели со своите пријатели

Смок во текот на вчерашниот ден преплашил едно кумановско семејство, откако го забележале во подрумот од нивната семејна куќа.

Помош побарале од Регионалниот центар за управување со кризи, од каде пак велат дека странката ја упатиле кон овластена приватна компанија за заловување змии.

Како штп информираат од РЦУК, компанијата на терен излегла околу 14:10 часот и по околу еден час успеале да го заловат рептилот.

Се испоставило дека станува збор за смок долг 1,10 метри. Истиот влегол од отвор за вентилатор кој бил празен или отвор за вц школка.

Фирмата заловувач рептилот ќе го пушти во природа, надвор од градската средина.

фото: архива

Leave a Reply