Смок од два метри убиен во кратовско село Крилатица

Сподели со своите пријатели

Топлото и суво време предизвика наезда на смокови и змии во Кратово и околните села, јавува порталот Аберџија.

Loading...

Жителите од овој крај велат дека оваа пролет влечугите толку се намножиле, што речиси нема ден да не налетат на нив. Токму еден таков, гигантски смок со должина од над два метри беше отепан во кратовското село Крилатица.

alt

 

Средношколецот Христијан Крстевски и неговиот чичко во близина на штала го забележале ова чудовиште од смок, и по кратка борба со него го отепале.

Дека навистина влекачи има на секој чекор, забележавме минатата недела кога на патниот правец Туралево – Коњух буквално на секои стотина метри лежеа прегазени змии и смокови.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *