СМЕ СЕ ОТРУЛЕ СО ЛЕКОВИ: 10-те најголеми аптеки во Македонија лани генерирале приход од 131 милион евра

Сподели со своите пријатели

Корона кризата, болните од Ковид, паниката кај граѓаните им ги наполнија сметките на аптеките. Едно четирчилено семејство заболено од Ковид кое се лечеше во домашни услови трошеше најмалку 500-ини евра за лекови. Граѓаните ги полнеа своите полици со разно разни витамини, антибиотици како резерва и се што сметаа дека би им помогнало полесно да го поминат вирусот. Од друга страна сопствениците на аптеките ги броеја профити од продажбата на лекови.

Loading...

Според податоците на порталот Пари во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк она што е за одбележување е што во листата на ТОП 10 аптеки кои оствариле најголем приход минатата година, сите без исклучок оствариле поголем приход од 2019 година. И кај добивката ситуацијата е слична, сите тие ја завршиле годината со зголемен профит освен последната кај што има мал пад.

Вкупно 10-те најголеми аптеки во земјава минатата година на сметка генерирале вкупен приход од 131 милион евра и добивка од 2,1 милион евра.

Она што е за одбележување на листата е што аптеките Зегин фарм и Моја аптека биле најуспешни минатата година, првата според приход, втората по добивка. Овие две аптеки ги поврзува уште една работа, а тоа е што имаат ист сопственик, сестрите Механџиски, Викторија Механџиска и Христина Механџиска-Георгиевска.

Апсолутен лидер на пазарот е Зегин фарм која од продажба на лекови остварила забележителн приход од 49,5 милиони евра. Истовремено ја зголемила добивката за дури 18 пати. Или во апсолутни бројки Зегин фарм во 2019 имал добивка од 1,074, 312 денари или 17,468 евра. Во 2020 година пак оваа компанија заработила 18,381,419 денари или 298,884 евра. Или во проценти профитот на Зегин фарма пораснал за фантастични 1.610 проценти.

Целосната анализа можете да ја прочитате ТУКА.