Службата за дезинскеција, дератизација и дезинфекција од Куманово со засилени активности

Сподели со своите пријатели

Службата за дезинсекција, дезинфекеција и дератизација ги интензивира активностите во летниот период, соопштија денеска епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Куманово

Од Центарот информираат дека домаќинствата во текот на летниот период, но и станбените домари се почесто бараат дезинскеција, дезинфекција и дератизација на објектите

Во текот на летниот период засилена е работата на оваа служба која врши третмани во јавните установи и институции и домаќинства, изјави денеска раководителот на одделението за епидемиолошка дејност, доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.

Покрај третмани во домаќинствата и станбените единици и јавните установи и институции бараат третмани од стручни лица за дезинфекција, дезинскеција и дератизација во летниот период. Најчесто, информира Стаменковска, во домаќинствата се бара дезинсекција против лебарки, бубашваби и мравки. И објектите каде се подготвува, складира и преработува храна, односно угостителските објкети, како што се ресторани сендвичари, пекарници, бараат зачестени услуги од службата од Центарот за јавно здравје во летниот период

По завршувањето на варосувањето и уредувањето на објектите во август ќе следи интензивна деизнсекција, дезинфекција и дертаизација на училиштата и градинките во градот

Leave a Reply