Слушнете ја новата песна на кумановскиот бенд KHARA (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Through The Darkness, We Became Men“ е насловот на новата песна на кумановскиот бенд KHARA, која ќе се најде на новиот албум кој групата ќе го промовира на 21ви месецов.

Песната е изработена од членовите на бендот, снимена во ММ студио Куманово, а во продукција на „Kran Records“ од Куманово и „Fluttery Records“ од Сан Франциско, САД.

Со самостоен, целовечерен концерт  KHARA во петок ќе го промовира својот албум „Heaven Can Wait“. Настапот започнува во 21 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Билетите чинат 100 денари, а може да се набават во кафе бар „Агора“ и кафе бар „Трговски“.

Loading...

Leave a Reply