Случајот со киднапираното момче во Хрватска заврши трагично

Сподели со своите пријатели

Полицијата го пронајде телото на малото момче кое го киднапира сопствената мајка, и тоа во вештачко езеро на хидроелектраната Дубрава кај Прелог, каде што пред неколку дена исчезна петгодишниот Патрик Фогадиќ, потврди вчера чичко на момчето кој бил присутен за време на извлекувањето на телото од езерото.

Loading...

Портпаролот на полициската управа на Меѓумурје, Радован Гачал изјави дека е спроведен увид, и денес се очекува да се направи обдукција на телото за да се утврди причината за смртта на малиот Патрик.

Нуркачите на Јавната противпожарна служба го лоцираа и автомобилот заринкат во длабочина од 5.6 метри, на четири километри низводно кај местото Оток во главниот деривациски канал на ХЕ Чаковец.

Се претпоставува дека станува збор за Опел Астра со кој Ивана Фогадиќ пред три дена ја напушти семејната куќа во населбата Тотовец, кога со себе го зема петгодишниот син Патрик и се одалечи во непознат правец. Пред напуштање на домот, Ивана напиша статус на Фејсбук, кога најави дека ќе се самоубие и во смрт ќе го понесе и својот син.

На местото на несреќата пристигнал и таткото на Патрик, Валентин Фогадиќ, кој веднаш се фрлил во езерото, довикувајќи го името на својот син, пишуваат хрватските медиуми.

Откако го извлекле полицајците кои вршеле увид, грижата за таткото ја преземала службата за итна медицинска помош.

Телото на момчето е пронајдено од случаен минувач, а за денес, како што јавуваат медиумите, закажано е вадење на автомобилот со кој мајка однесе во смрт свое дете.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.