Случајно пукал од топ на Ф-16 па уништил друг авион

Сподели со своите пријатели

Додека работел на одржување на авионот Ф-16, во воената база во Белгија, еден механичар случајно отворил оган на друг авион Ф-16 на пистата и го унштил, пишува „Бизнис инсајдер“.

До инцидент дошло во белгиската воздухопловна база во Флорен, на југот на Белгија, откако механичарот случајно активирал топ на леталото на кое работел.

Белгиските воздухопловни сили потврдиле дека дошло до пожар во базата при зафати за одржување на авионот, во кој еден се запалил, а уште еден е оштетен, но не споменале дали причината за инцидентот е тоа што било пукано од топ.

Се обидел да влезе во „Област 51“, но многу бргу зажали за тоа (видео)

Loading...

Белгиските вооружени сили, исто така, соопштиле дека здравствена помош им била пружена на двајца механичари оди губиток на слух поради експлозијата, наведува Ројтерс.

„Скрембл“ наведува дека Ф-16, на кој било пукано од топ, набргу се запалил и експлодирал затоа што бил полн со гориво.

Истрагата за инцидентот е отворена.

Leave a Reply