СЛОВЕНИЈА: Премиерот и министерот за одбрана добиле смртни закани

Сподели со своите пријатели

Словенечкиот премиер Јанез Јанша примил пратка во која нему и на неговото семејство им се закануваат смрт, а слична закана добил и министерот за одбрана Матеј Тонин, јавија словенечките медиуми.

Loading...

Според словенечката телевизија, премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што го потврдиле и од кабинетот на премиерот.

Полицијата го истражува случајот, пренесува Хина.

Медиумите објавија дека Јанша и Тонин во петокот добиле писма на нивните адреси, кои содржеле смртни закани и во кои имало „муниција од поголем калибар“, а заканите биле испратени и до членовите на семејството на Јанша.

Нова24.тв, основана од Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша, вели дека ова не е првпат на ваков начин да му се закануваат на словенечкиот премиер.

Телевизијата на својот портал оцени дека е очигледно дека тоа е „последица на создавање психоза од мејнстрим медиумите“.

Дали конечно ќе ги отрезни оние кои се уште веруваат во добрите намери на потомците на комунистичката револуција“, се вели во текстот.

Јанша често ги обвинува мејнстрим медиумите дека се на страната на левицата, која сака да ја собори неговата влада, од политички причини, како медиумите и левичарската опозиција да стојат зад протестите кои бараат предвремени избори.

Loading...