Словенија бележи најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата

Сподели со своите пријатели

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 7.580 случаи на инфекција со коронавирус, што е рекорден број дневни инфекции од почетокот на епидемијата, а пет лица починале.

Loading...

Како што објави словенечката влада на Твитер, тестирани се 14.360 примероци, со што уделот на позитивните тестови е 52,8 отсто.

Во болниците има 514 лица, од кои 156 се на одделенијата за интензивна нега.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша во петокот вечерта изјави дека владата ќе се обиде да избегне воведување нови мерки што е можно подолго во актуелниот бран на епидемијата на Ковид-19, која беше предизвикана од многу позаразна омикрон варијанта на коронавирусот.

„Ако е можно, нема да ги заостриме сегашните мерки и се надеваме дека ќе поминеме низ овој бран со почитување на важечките мерки“, изјави Јанша за ТВ Словенија, додавајќи дека земјата е „на работ“ поради големиот број заразени и релативно мал број вакцинирани.

Во Словенија 57 отсто од граѓаните, односно 67 отсто од возрасната популација примиле две дози од вакцината против Ковид.