Слонче паднало во бунар длабок девет метри, спасувачите ја срушиле целата страна на ѕидот: Спасено по 8 часа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако избркале стадо слонови од селото, локалното население забележало дека едно слонче паднало во бунарот.

Loading...

Авантурата на едно слонче се претвори во мисија за спасување, откако паднало во бунар длабок околу девет метри во село во Индија.

Слончето било меѓу стадо слонови што влегле во селото Ниматанд од блиската шума вечерта на 2 мај. Локалното население ги избркало животните, но следното утро пронашле слон на дното на бунарот.

 

 

– За жал, слонот паднал во бунар длабок девет метри околу 21 часот. Нивото на водата не било високо, а животните не беа повредени за време на падот – изјави владиниот службеник, кој го фотографираше спасувањето.

Локалното население го известило локалното одделение за шумарство, кое започнало операција за спасување со употреба на три багери, пренесува CNN.

Loading...

 

 

Официјалните лица ја срушиле целата страна на ѕидот на бунарот, за да може слончето само да излезе, наместо да го креваат вертикално.

Осум часа подоцна, слонот излегол од бунарот, покриен со кал и прашина.

 

Leave a Reply