Слободен влез на вечерашниот натпревар КК Куманово – Фени Индустри

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва во 19 часот во рамките на шестото коло од домашниот шампионат го пречекуваат составот на Фени Индустри од Кавадарци, а влез и вечерва како и на мечот со МЗТ ќе биде слободен.

Навивачката група Кумани ваков предлог доставила до новиот претседател на клубот Младен Давидовиќ, кој им излегол во пресрет на барањето.

– Пред се ова е за сите наши симпатизери и фанови, еден знак на благодарност што застанавте до нас кога најмногу требаше. Утре сите во сала да му помогнеме на клубот да излезе од криза, стои во краткото соопштение на Кумани.

Тренерот на клубот Александар Петровиќ ветува дека нема да се предаваат лесно на мечот и дека ова е еден од значајните натпревари.

– Ова е најзначаен натпревар во овој момент, имаме еден ден да се подготвиме, ако играме како против МЗТ и го оставиме срцето на терен, сигурно дека Куманово ќе извојува победа. Имаме згуснат распоред меѓутоа тоа е што е, ростерот е доста лимитиран, со доста малце играчи во ротација, но тоа е ќе се бориме. Веројатно на тие натпревари ќе започнам да разигрувам некој од помладите играчи, мора да се бориме и да работиме, изјави Петровќи.

Инаку од досега одиграните пет натпревари во домашното првенство, КК Куманово бележи две победи и три порази.