„Слави со срце, не со оружје“- превентивна акција на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Во рамките на заедничката превентивна кампања на МВР и УНДП „Слави со срце, не со оружје“, а како дел од оперативниот план на МВР „Безбедно лето 2022“, Отсекот за превенција при СВР Куманово реализираше превентивна активност со граѓани на повеќе локации во Куманово.

Loading...

– На граѓаните им беше поделен едукативен материјал и во непосредни разговори им беше укажано на последиците кои можат да настанат при неовластено пукање со огнено оружје на семејни свечености и други собири, информираат од кумановската полиција.

 

 

На граѓаните, исто така, им се укажува дека огнометите треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  36-годишна кумановка физички нападната од сопругот

– Потсетуваме дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), стои во соопштението.

Отсекот за превенција при СВР Куманово со активностите ќе продолжи во текот на наредниот период.

Loading...

Никола Ивановски