Скопјанец приведен на Граничниот премин Табановце

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 00.35 часот на Граничен премин „Табановце“, на влез во Република Македонија, со патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, се пријавил Б.Ш. (28) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При пасошка контрола, полициски службеници утврдиле дека лицето се наоѓа на СТОП-листата со мерка „приведи“ (поради избегнување пасошка контрола – илегален излез).

Со потврда за привремено одземени предмети, возилото му било одземено, а тој добил наредба на  30.08.2017 година во 10.00 часот да се јави во просториите на РЦ Север.