Скопјанец приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен жител на Скопје вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 17.10.2022 во 02.00 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од Полициска станица Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го привеле З.Љ.(24) од Скопје, затоа што при контрола било констатирано дека бројот на шасијата и другите документи за возилото ,,фолксваген туран“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, отстапуваат од оригиналот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец го нападнал својот син, полицијата го привела