Скопјанец ќе одговара за напад на полицаец од СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против И.Ц. (40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 12.05.2016 година во Куманово на ул. „Илинденска“, откако од страна на полициски службеници е констатиран прекршок кај пријавениот кој управувал патничко возило од спротивна насока, истиот нападнал еден полициски службеник удирајќи го по телото.