Скокнала во заледената вода на Богојавление и никогаш не излегла (ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА)

Сподели со своите пријатели

Русија и цел свет ги потресе веста за смртта на младата адвокатка Ана Ускова (40), која почина додека се капеше на Богојавление, а полицијата покрена истрага за целиот овој случај.

Loading...

Ана е снимена како скока во водата во замрзнатата река Оредеж во близина на селото Вајра, источно од Санкт Петербург на Водици.

Младата адвокатка потоа исчезнала под водата, а се сомнева дека ја однела силна струја.

Нејзиниот сопруг и останатите собрани очајнички се обидувале да ја спасат, додека децата наоколу врескале, но струите биле пресилни, а телото на Ана сѐ уште не било пронајдено.

На вознемирувачкото видео се гледаат нејзините деца на возраст од 10 и 14 години како врескаат додека нивниот татко Јури (50) скока во дупка за да ја најде сопругата.

Полицијата започна истрага за убиството од небрежност.

 

https://youtu.be/uDKbMT-ke58

Loading...