Скандал во Србија: Докторка продавала деца со пречки во развојот

Сподели со своите пријатели

Јасмина Јанковиќ, докторка од Србија на странци им продавала деца со пречки во развојот за натамошно посвојување, открива српскиот весник „Блиц“.

Loading...

599064_dr-jankovicaaa_f

Во периодот од 2006 до 2011 година д-р Јасмина Јанковиќ посредувала во 30 посвојувања, велат од Министерството за труд
и социјална политика на Република Србија. Обвинителството може да почне со истрага и да утврди во колку од овие 30 случаи докторката од странците барала големи суми долари.

Американската државјанка Кејси Калварези во весникот директно ја обвинила д-р Јанковиќ, во тоа време експерт во Центарот за деца со проблеми во развојот, дека од неа побарала и добила 8.000 долари и многу подароци, за да посредува во посинувањето на малата Софија, која има аутизам, иако процесот на посвојување во Србија во пракса е бесплатен.

На се што тогаш им се случувало на странците, докторката се обидела Американците да ги измами и со неповолниот курс на еврото. Весникот утврдува и други случаи на странци кои и плаќале на лекарката за да можат да посвојат дете. Репортерите на „Блиц“ направиле обид да се поврзат со Јасмина Јанковиќ за и таа да ја каже својата верзија на приказната. Кога слушнала дека ја бараат новинари од „Блиц“, таа им го затворила телефонот и ги одбивала сите следни повици.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *