Скандал: Македонија и Црна Гора со поништени гласови на Евросонг 2015

Сподели со своите пријатели

Европската телевизиска унија, ЕБУ, го поништи гласањето на Република Македонија и Црна Гора на овогодинешното издание на Евросонг 2015.

Loading...

Ваквата одлука е донесена по завршувањето на Евросонг и според информацијата објавена на официјалната страница на ЕБУ, одлуката е донесена во консултација со „Прајс вотер хаус Куперс“, компанија која била задолжена да го надгледува гласањето.

Како причина се наведува дека  земјите во гласањето го земале во предвид само телевоутингот, а не и гласањето на стручното петчленото жири кое треба да зазема 50% од гласовите.Тоа се прави со цел да се избегне регионалното гласање.

Македонското жири е изненадено од ваквата реакција.

Велат дека  според правилата гласале уште  во петокот на генералната проба за Евровизија која е идентична со финалната вечер. Тие ги завериле своите гласови според сите процедури и ги предале листите од гласањето на одговорно лице на Македонската радио телевизија, кое понатаму  требало да ги проследи до одговорното лице на ЕБУ.

Но што точно се случило, не бил информиран претседателот на жирито за Евросонг 2015, Антонио Димитриевски. Тој верува дека тоа ќе се дознае дури по враќањето на евровизиската делегација од Виена, која денеска не бил достапен за изјава, јавува Телма.

Извор: Телма.мк

 

Loading...

 

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *