Скалите по кои чекорел Исус Христос за прв пат прикажани за јавноста

Сподели со своите пријатели

Скалите Санта, скали по некои според преданието се качувал Исус Христос на Велики Петок, на патот кон Голготата, целосно се откриени за прв пат по 300 години, пред Велигден.

Loading...

Сите 28 скали, направени од мермер, кои, како се верува, биле дел од палатата на Понти Пилтар во која му е судено на Исус пред распнувањето, прекриени се со дрво уште од 1723 година, по наредба на папата Иноченти 13. Папата се плашен дека скалите, на кои верниците се качуваат на колена, ќе бидат оштетени, па наложил истите да бидат прекриени со дрво.

Дрвото било отстрането минатата недела, за да скалите се реконструираат, а додека не започне обновата, илјадници римокатолици кои моментално престојуваат во Ватикан, на колена и дланки се качиле на нив, во знак за покајување за своите гревови.

– Мислевме дека ова можност е важна. Никој не веруваше дека некогаш ќе се искачи на мермерните скали, рекол Паоло Виолони од Ватиканскиот музеј, каде се наоѓаат скалите.

Loading...

Се верува дека овие скали во Рим во 4 век ги донела Светата царица Елена, мајка на царот Константин.

Според преданието, четири капки од крвта на Исус паднале на скалите. Тие места се обележани со дрвени крстови.

Leave a Reply