Скачки го нападнаа Лас Вегас: За инвазијата виновна војската? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Толку скачки овие денови го запоседнаа Лас Вегас што на социјалните мрежи тој раст го нарекоа „Големата инвазија на скачки 2019“.

Loading...

Особено е интересно што инвазијата се случила токму кога илјадници ентузијасти, љубители на теоријата за вонземјани планираат да ја „освојат“ тајната „Област 51“ и се смета дека скачките ги испратила американската војска.

Како изгледа инвазијата на белите мечки одблизу? (ВИДЕО)

Како што наведуваат ентомолозите, влажното време изминатите месеци сепак е главниот виновник за инвазијата.

– Заклучивме дека со времето, до кога имаме влажна зима и пролет, скачките се множат на југот. Во овој период на годината, имаме миграции кога скачките се селат на север, вели Џеф Најт, од Одделението за агрокултурна Невада.

Тој објаснува дека таквите миограции се ретки, но дека сепак се случуваат. Инсектите инаку не се опасни по луѓето.

Се очекува дека ќе го „обиколат“ Лас Вегас за неколку недели, движејќи се северно.

https://twitter.com/365inVegas/status/1154654951374594048

Leave a Reply