СЈО го побара предметот за кумановскиот новинар Божиновски

Сподели со своите пријатели

Специјалното јавно обвинителство во текот на вчерашниот ден побарало Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да им го предаде предметот против новинарот Зоран Божиновски.

ОЈО го терети кумановецот Божиновски дека е дел од случајот „Шпион“, што е причината поради која тој е во притвор веќе од 22 април, откако по меѓународна потерница беше екстрадиран од Србија.

Основното јавно обвинителство засега има осум дена да се произнесе за барањето на нивните „специјални“ колеги.