Ситуацијата во ПЦ Табановце тензична, бегалците најавија штрајкови и блокади

Сподели со своите пријатели

Бегалците кои веќе повеќе од три недели се наоѓаат во Прифатниот центар Табановце се закануваат дека од денес ќе започнат со штрајк со глад или ќе пристапат кон блокирање на пругата или масовно заминување кон границата.

Оваа информација за надлежните од Министерството за труд и социјална политика ја потврдил и пријавил некој од бегалците, но за сега страстите помеѓу бегалците се смирени. Иако во текот на вчерашниот ден нетрпеливоста започна да расте по што дошло до мала физичка пресметка помеѓу дел од бегалците, која со интервенција на полициските службеници била прекината, стои во дневниот извештај на Регионалниот центарза управување со кризи.

Во периодот од 14 до 22 часот дошло до прекин на електирчната енергија во кампот проади дефект на електроситрибутивната мрежа, момент кој го искорисител дел од бегалците да избегаат од кампот, односно 22 Авганистанци и 18 Ирачани.

Вчера во кампот присутни биле 1.421 странски државјани.