Сите знаеме колку е вкусна боровницата, но таа има и многу придобивки за организмот

Сподели со своите пријатели

Ако сте склони кон инфекции на уринарниот тракт, треба да ја искористите сезоната на боровинки.

Loading...

Понекогаш најважните работи за одржување на здравјето се на дофат на раката.

А, една од нив се секако боровинките, кои можат да го регенерираат вашето тело.

Се разбира, дека треба да бидете умерени во количината што ја конзумирате.

 

 

Една порција од 100 грама од ова овошје има само 84 калории и задоволува четвртина од дневните потреби за витамин Ц, а содржи и 114 милиграми калиум. Боровинките се исто така корисни за:

Loading...

1. Здравје на уринарниот тракт

Бројни студии покажаа дека боровинките содржат одредени соединенија кои спречуваат раст на бактерии кои предизвикуваат инфекции на уринарниот тракт, како и нивно задржување на sидовите на мочниот меур. Особено, тие се многу добра превенција од инфекции предизвикани од ешерихија коли. Ако сте склони кон инфекции на уринарниот тракт, треба да ја искористите сезоната на боровинки.

2. Заштитете го срцето

Студија објавена во американскиот журнал за клиничка исхрана покажа дека порција боровинки (100 грама) на ден го намалува ризикот од срцеви заболувања кај луѓето кои имаат зголемена за дури 15 проценти. Ова не е прва студија што укажува на тоа, студија спроведена на Харвард во 2013 година покажа дека три или повеќе порции боровинки и јагоди неделно кај жени го намалуваат ризикот од срцев удар за една третина. Научниците веруваат дека за ова се одговорни антоцијанините, кои, меѓу другото, спречуваат формирање на плаки на sидовите на артериите.

 

 

3. Заштитете го мозокот

Loading...

Боровинките имаат и други видови на антиоксиданти, флавоноиди. Научните истражувања сугерираат дека тие ја подобруваат нашата меморија и когнитивните способности. Една студија објавена во „Annals of Neurology“ наведува дека жените кои редовно конзумираат бобинки на старост ги одржуваат своите когнитивни способности недопрени до две и пол години подолго од оние кои немаат таква навика.

4. Помош при варење

Веројатно веќе знаете колку се важни добрите бактерии што ги сочинуваат цревата за нашето општо здравје.

Научните студии докажаа дека конзумирањето на свеж сок од боровинка шест недели доведува до зголемување на бројот на два вида на овие корисни бактерии кои се најважни за здравјето на органите за варење.

 

Leave a Reply