Сите ја сакаат Германија, но дали се исплати да се живее и работи таму? (видео)

Сподели со своите пријатели

Голем број Македонци одат во Германија во потрага по подобар живот. Меѓутоа, додека поголемиот дел веруваат дека Германија е „ветениот рај“, постојат неколку работи кои идните гастербајтери треба да ги знаат пред да се одлучат за селидба.

Каков ќе ви биде животот во туѓина зависи секако од работата за која сте квалификувани. Еве неколку примери како и колку се заработува во Германија.

Градежните инжинери месечно заработуваат околу 3.000 евра бруто, односно 2.000 нето, а архитектите, лекари и математичари заработуваат 600 евра повеќе, додека информатичарите заработуваат околу 2.300 евра нето плата.

Келнерите, куварите и фризерите месечно заработуваат 1.000 евра повеќе од бакшишите. Автомејаничари, електричари и модели заработуваат околу 1.300 евра, а негователки со искуство заработуваат нешто околу 1.600 евра, јавува „Дојче Веле“.

Меѓутоа, за стан и режија од плата секој месеџ, зависно од местото на живеење, треба да се издвојат најмалку 600 евра. За храна во просек се издвојуваат 280 евра по лице, додека месечниот билет за јавен превоз чини од 50 до 100 евра.

Но, сепак голем број веруваат дека е подобро да се живее во Германија со една, отколку во Македонија со три плати.

Какви се вашите искуства?

Loading...