Системи за видео надзор запленети на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 14 уреди за систем за видео надзор (камери, уреди за напојување, монитор, преклопник, видеотјунер и друго), од марката Atlantis биле откриени при контрола македонски автобус што сообраќал на релација Италија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, непријавените производи, пронајдени во две кутии сместени во багажниот простор, се привремено задржани, а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, ќе биде поведена соодветна постапка.

Leave a Reply