Сиромашни рибари пронашле вистинско богатство во угинат кит: Станале богати преку ноќ! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Триесет и пет рибари од Јемен излегоа од сиромаштија откако во угинат кит пронашле негова повраќаница, за кое верувале или не, вреди 1,2 милиони евра.

Loading...

Во февруари, група рибари наишле на труп на кит во Аденскиот Залив. Еден човек рекол дека китот може да содржи супстанца амберг, која се користи во производството на парфеми и се продава за околу 35.000 евра за килограм.

Рибарите го извадиле китот на брегот и го отвориле за да видат дали амбергрисот навистина е во нејзината утроба. Откриле повражаница од 127 килограми, за што конечно добиле нешто повеќе од милион евра.

„Само што се приближивме, почувствувавме силен мирис и имавме чувство дека има нешто внатре. И бевме во право. Мирисот не беше пријатен, но ни донесе многу пари”, изјави еден од рибарите за Би-Би-Си .

После таа првична непријатна смрдеа, амбегрис добил сладок мирис кој многу се користи во индустријата за парфеми.

Група рибари меѓусебно го делеле профитот од милион долари, а им дале и пари на локалното население од нивното село, на кое им требала помош.

 

Loading...

 

Тие сега се во можност да започнат нов живот, да купат куќи или да се венчаат.

„30 милиони јеменски ријали (околу 85.000 евра) се доволни за да се изгради куќа и да се венчаат, и тоа е нешто што повеќето од овие рибари ќе сакаат да го сторат“, рече еден од нив.

Амбегрис се формира во внатрешноста на телото на китот. Китот потоа повраќа слуз што се стврднува и има непријатен мирис додека плови на површината на океанот – понекогаш за неколку години.

Нешто подоцна, оваа грутка како камен го губи својот непријатен мирис и се користи како многу скапа состојка за производство на скапи парфеми.

На пример, во 2016 година, парче килибар од 1,57 килограми, пронајдено во Ланкашир, било продадено за 50.000 фунти, а истата година, тројца рибари од Оман извадиле 80 кг повраќаница од кит и ја продале за 3 милиони долари!

Патем, Јемен е една од најсиромашните земји во светот и најмногу се потпира на риболов.

Животите на рибарите станаа уште потешки откако избувна граѓанската војна меѓу владата и Хутите во 2014 година.

Loading...

 

Leave a Reply