Сиријци враќајки се кон ТЦ Табановце биле нападнати со нож

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 16,45 часот во Транзитен центар „Табановце“ било пријавено дека истиот ден околу 16,25 часот М.А. (21) и А.Б.(27) двајцата од Сирија, додека се враќале од селото Лојане кон кампот, движејќи се низ полето, биле физички нападнати од страна на пет непознати лица, нанесувајки му расекотина со нож на левата надлактица на М.А, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По пристигнување во Транзитнио центар лицата се обратиле за помош кај медицинската екипа на Црвениот крст каде на повредениот му била укажана медицинска помош.

Од страна на полициски службеници од Полициска станица – Куманово извршен бил разговор со лицата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.