Сирија погуби 24 лица бидејќи подметнале пожари

Сподели со своите пријатели

Во Сирија беа егзекутирани 24 лица осудени за подметнување шумски пожари, објави во средата Министерството за правда на земјата, пренесува Ројтерс.

Loading...

Уште 11 лица се осудени на доживотен затвор, а пет малолетници се осудени на затворски казни од 10 до 12 години, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Министерството рече дека „злосторниците кои извршиле терористички напади и довеле до смрт и уништување на инфраструктурата и јавниот имот“ биле погубени.

Тие, наводно, признале дека во септември и октомври 2020 година подметнале пожари во планински региони и земји зафатени од војна, во кои животот го загубиле три лица.

Групите за човекови права веруваат дека владата на претседателот Башар ал Асад егзекутирала илјадници луѓе од почетокот на војната во таа земја во 2011 година.

Иследниците за воени злосторства на Обединетите нации во неодамнешниот извештај рекоа дека собрале сведоштва за погубени затвореници без судење или кратко време по незаконски или нефер судења.