СИРИЈА: Над 100 борци на ИСИС избегале од затвор

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 100 затворени припадници на вооружената група Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ) избегале од затворите во Сирија од почетокот на турската офанзива врз Курдите на северот на земјата, изјави во среда висок американски претставник.

Loading...

„Сметаме дека повеќе од 100 луѓе избегале. Не знаеме каде се тие“, изјави Џејмс Џефри, американски претставник за Сирија, пред Комисијата за надворешни работи на Собранието на САД.

Вака изгледа Рака, престолнината на ИСИС (видео)

На 9 октомври, Турција започна офанзива против курдските борци, сојузниците на Вашингтон и западните нации во борбата против ИСИЛ, предизвикувајќи бројни држави да се грижат за судбината на илјадници странски борци затворени во кампови, контролирани од курдските борци.

Скоро сите затвори што ги чуваат сириските демократски сили (СДФ) сè уште се под контрола, рече Џефри.

На Балканот има 400 илјади следбеници на ИСИС – БиХ е лидер

„Ги контролираме најдобро што можеме. Имаме повеќе луѓе во Сирија кои работат со СДФ и еден од приоритетите се овие затвори“, објасни тој.

Турција и Русија се согласија да ги истуркаат курдските борци надвор од зоната од 30 километри од турската граница, а потоа заеднички да ја контролираат тесната „безбедна зона“ појас што Анкара сака да го основа во северна Сирија.

Loading...

Путин: ИСИС ја финансираат 40 држави, меѓу нив има и членки од Г20 (видео)

Турција објави дека нема да ја продолжи својата воена офанзива против курдските сили во северна Сирија, бидејќи тие се повлекоа од пограничните области.

Претходно во средата, американскиот претседател Доналд Трамп го нарече формирањето на „безбедносната зона“ во Сирија „голем успех“ и додаде дека „прекинот на огнот се почитува“.

Зошто џихадистите на ИСИС возат исклучиво „Тојота“? (видео)

„Борбите завршија. Курдите се безбедни и работеа многу добро со нас. Затворениците на ИСИЛ се безбедни“.

Кремљ во средата оцени дека САД ги предале и ги оставиле сириските Курди и ги советуваа Курдите да се повлечат од сириската граница или ќе ги уништи турската армија.

Leave a Reply