Сирените за воздушен напад се огласија низ цела Украина

Сподели со своите пријатели

Украинските системи за воздушна одбрана соборија неколку руски ракети во четвртокот наутро, напиша на Телеграм началникот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Loading...

Најмалку две ракети прелетаа низ јужниот регион на Миколаев, изјави гувернерот Виталиј Ким на Телеграм.

Претходно, најголемата приватна енергетска компанија во Украина спроведе итни прекини на струја во неколку региони, вклучително и Киев, поради наводна закана од ракетен напад, објави компанијата, пренесе Си-Ен-Ен.

Сирените за воздушен напад се огласија низ сите региони на Украина во четвртокот наутро.

Засега нема извештаи за прекин на електричната енергија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.