Син го снимил однесувањето на својот татко заболен од Алцхајмер (видео)

Сподели со своите пријатели

Алцхајмерот е една од најстрашните болести која се’ уште не е доволно проучена и за која современата медицина нема пронајдено лек.

Loading...

Еден од најчестите знаци на Алцхајмер е губење на меморијата, особено заборавањето на неодамна добиена информација.

 За да ја зголеми свеста за ова болест, Американец, инаку син на маж заболен од Алцхајмерова болест,  решил да го сними однесувањето на својот татко, кој иако во текот на својот живот бил успешен пешадиец во Виетнам и полицаец во Детроит повеќе од 15 години,, бил пензиониран предвреме откако неговата патролна кола била удрена од камион.

Оттогаш и почнуваат неговите први знаци на заборавање, што синот ги опишува како споро умирање.

– Мојата мајка почина пред дваесетина години од карцином, но, ова болест според мене е далеку пострашна и од тоа. Сметам дека тато не заслужува да ги помине своите пензионерски денови на овој начин, запишал синот во најавата на видеото постирано на Јутјуб.

 Расположението и карактерите на луѓето болни од Алцхајмер можат да се променат. Можат да станат збунети, да изразуваат сомнеж, скептицизам, депресија, страв или нервоза. Можат лесно да се вознемират дури и кога ништо не им се случува дома, на работа, со пријателите, па дури и на места каде се во својата „комфорна зона“.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.