Симеон Коруноски со нова песна и видео спот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Каде сме“ е насловот на новата песна на младиот пејач Симеон Коруноски. Песната е направена во соработка со композиторот и продуцентот Иле Спасев, кој покрај Симеон даде свој придонес во создавање на една одлична современа летна песна.

Песната е објавена заедно со видео запис, снимен на прекрасен приватен имот во Сопиште, а реализацијата на спотот е на „Креатив“, кој се грижи за развојот на кариерата на младиот пејач. Композиторот Иле Спасев неодамна изјави дека „се радува што забележал млада, нова естрада во Македонија кои покрај прекрасните гласови бараат и модерна музика“. Токму Симеон доаѓа од една нова генерација пејачи, веќе познати на широката јавност во Македонија и пошироко. „Мислам дека ќе направат своевидна музичка револуција на македонската музичка сцена“ – вели Иле.

Симеон важи за миленик меѓу тинејџерките, а во изминатата сезона доби Гран при награда на Меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Бугарија и награда за најдобар дебитант на Охрид фест. Симеон беше финалист на Кастинг талент шоу и дел од кастот на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески. Неодамна ја објави песната “Don’t you know” во соработка со Кортекс. Погледнете го спотот за песната „Каде сме“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Посакувам денеска да победи демократијата и пред се Македонија (ВИДЕО)

Leave a Reply