Симе Пешевски го фати крстот во Соборниот храм „Свети Никола“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишниот Симе Пешевски е момчето кое имаше најмногу среќа од скокачите во Соборниот храм „Свети Никола“, кои утринава на некој степен под нулата традиционално за празникот Водици скокаа по светиот крст.

 

Loading...

 

Пешевски прв пат учествува на оваа традиционална манифестација и годинава среќата му се насмевна токму нему. Очекува година со среќа и многу здравје.

 

 

– Во оваа прилика им го честитам празникот на сите верници, им посакувам среќа бериќет, здравје на сите. Прв пат се фрлам по крстот и среќата ме послужи, вели Пешевски.

Од свештеништвото на подарок доби икона, крст и накит.

 

Loading...

 

Претходно во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и света литургија по повод празникот Богојавление на која присуствуваа голем број верници.