Силно невреме ја погоди Австралија: Наредена евакуација во Квинсленд

Сподели со своите пријатели

Итните служби во австралиската држава Квинсленд денеска спроведуваат евакуација на населението поради рекордните обилни дождови кои предизвикаа големи поплави во северозападниот дел на овој дел на Австралија.

Loading...

Поради дождови и поплави претходно оваа недела, евакуирани се 53 жители на изолираниот град Берктаун, кој се наоѓа на околу 2.115 километри северозападно од Бризбејн, главниот град на државата Квинсленд, соопшти локалната полиција, пренесе Ројтерс.

Околу 100 жители останаа во Берктаун, иако полицијата денеска повика на целосна евакуација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца