Силно невреме го зафати кумановско: Излеани улици, град и силни електрични празнења

Сподели со своите пријатели

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, силни електрични празнења и град го зафатија попладнево Куманово.

Loading...

Дел од граѓаните по социјалните мрежи јавуваат за излеани води по улиците и град кој интензивно паѓал во одредени села.

Од Регионалниот центар за управување со кризи за Кумановски Муабети велат дека имаат многу јавувања од граѓаните, но дека засега нема пријави за поплави на домови, станови и подруми.

– Има многу јавувања кога се работи за вакви категории на порои каде имате енормно количество вода, за кратко време на пример 45 минути и во тој случај може да очекувате дека ниту атмосферската канализација не може да ја прифати водата. Цела „Октомвриска револуција“ беше под вода, улицата „Бајрам Шабани“ дури и од шахтите излегувае вода. Има наноси кои се трасирани со оглед на врнежите што ги повлекле со песок, вели раководителот на РЦУК Горан Стојановски.

 

Како изгледаше невремето низ кумановско? (ВИДЕО)

 

Како што појасни, во селата што гравитираат северно и источно од градот има и појава на град.

Loading...

– Она што во моментот го знаеме од аспект на Општина Куманово, поплавени беа „Никола Тесла“ кон Долно Којнаре, тој дел од населбата Средорек, „Бајрам Шабани“ и околу Соколана, особено делот кон локалитетот Серава, тие улици што гравитираат одозгора, голем број на мали и тесни улици каде дури и нема канализација како што треба, така да во рамките на Куманово, скоро цело Куманово е зафатено, вели Стојановски.

Како што потенцираше раководителот на РЦУК, моментално водата е прифатена во каналите и е дислоцирана во реката. Скоро сите села кои гравитираат кон север и исток од Куманово, а пред се Речица, Четирце, се погодени со град.

Во овој момент, нема пријави за евенаутални поплави, но како што вели Стојановски, не е исклучена можноста тие дополнително да бидат пријавени од граѓаните.

Инаку, врнежите моментално се со намален интензитет, но сѐ уште има силни електрични празнења.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply