Силна експлозија во Британија: Повредени четири лица (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голем број полициски возила се наоѓаат во центарот на британскиот град Лестер по дојавата дека во таа област се случила експлозија. Најмалку четири лица се повредени во експлозијата и префрлени во болница.

На терен се наоѓаат шест противпожарни возила. полицијата ги советува граѓаните да го избегнуваат подрачјето на улицата Хинкли. Експлозијата се случила околу 19 часот по локално време.

Loading...

Полицијата експлозијата ја нарекла „голем инцидент“ во кој „целосно изгорел еден мини маркет и куќа“.

Уништена е продавница со раслична стока, а набргу по експлозијат ана социјалните мрежи се појавиле фотографии од голем пламен.

Засега не е позната причината за експлозијата. полицијата истакнува дека засега нема индикации дека е во прашње терористички напад.

 

Loading...

 

Leave a Reply