Силна експлозија оштети неколку станови на „Октомвриска револуција“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Силна експлозија вечерва по 18 часот ги вознемири жителите на една од зградите на булеварот „Октомвриска револуција“, која оштети неколку влезови.

Во експлозијата нема повредени, само е предизвикана поголема материјална штета. Во зградата 5, прв влез, како и на соседните згради, се искршени речиси сите прозорци.  Уништена е и влезната врата на зградата, собните врати, а во два станови и севкупниот мебел. На лице место беа присутни екипи на СВР Куманово, противпожарната единица и итна помош.

 

Loading...

12887469_458942704315109_371063561_o

Нема повредени лица, тие што беа внатре ги евакуиравме. Имаше едно дете, кое во моментот спиело, така што не е во паника, и едно постаро лице. Нема опасност, мирно е, се е локализирано, така што граѓаните не треба да стравуваат. Имаше едно мало детенце кое спиеше и постаро лице кои веднаш ги евакуиравме – изјави Марјан Гелевски, командир на смена во ТППЕ Куманово.

За време на детонацијата во станот каде се случила несреќата била сопственичката на станот со едно малолетно дете. Видно исплашена и вознемирена само ни потврди дека е експлозија на плинска боца.

Извор и фото: Телевизија Плус

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.