Силен земјотрес во Грција, се тресеа зградите, луѓето трчаа во паника (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Катастрофален земјотрес се случи денеска попладне по локално време на Крит.

Loading...

Во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала оштетени се бројни згради, а локалните медиуми јавуваат дека се урнала и црквата Свети Никола во Ситија.

Надзорните камери го снимија моментот на страшниот земјотрес. На почетокот на видеото можете да видите како оградата почнува да се ниша, додека граѓаните излегуваат на улица во паника.

Медиумите од Грција велат дека засега нема информации за жртвите и дека земјотресот бил страшен.

Граѓаните велат дека земјотресот траел речиси 20 секунди и дека куќите се нишале.

Околу десет минути по силниот земјотрес, следеше нов, послаб.

Граѓаните почувствувале како се тресе земјата, а Сеизмолошкиот институт наведува дека последователниот земјотрес бил со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Да потсетиме, Крит беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала на крајот на септември, што предизвика голема материјална штета, а едно лице загина.

Loading...