Силен земјотрес ја погоди Камчатка

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди рускиот полуостров Камчатка, соопшти локалниот оддел на Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Loading...

Во соопштението за печатот на одделот на руското Министерство се наведува дека нема жртви и нема оштетувања на инфраструктурата.

„Тимовите за одговор при итни случаи ги проверија најважните институции: водоснабдување, топлани, трафостаници, училишта и станбени блокови. Сите служби функционираат нормално“, се вели во соопштението, пренесува Тас.

Епицентарот на земјотресот се случил на 125 километри од градот Уст Камчатск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот воен суд осуди маж на 14 години затвор за соработка со Украина