Силен земјотрес ја погоди Грција, нема информации за повредени

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Теба во централниот дел на Грција утрово, а се почувствува и во Атина, објави денеска Атинскиот геодинамички институт.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил на околу 4 километри североисточно од Теба, на длабочина од 5 километри.

Засега нема извештаи за можна штета, пренесува Ројтерс.